Кошаркарската НБА лига ќе оствари 33 отсто помалку приход во оваа сезона (2020-2021) што, сепак, е подобро од првичната проекција, која предвидуваше 40 отсто помалку приход.

Комесарот на Лигата, Адам Силвер, изјави дека приходите биле зголемени поради тоа што салите во разигрувањето за титулата биле исполнети во полн капацитет, а продажбата на влезници и прометот остварен во рестораните и фан-шоповите учествувале со 40 отсто во вкупниот приход на екипите во НБА.

– За време на пандемијата на коронавирусот, значи во последните две години, клубовите имаа голем пад на приходите, но успеавме да се одржиме благодарение на заедничките напори на сопствениците на клубовите и играчите. Сите дадоа свој придонес, изјави Силвер за американските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 00:44