Седум млади кошаркари ќе им се придружат на сениорските репрезентативци на денешниот прв тренинг на македонската репрезентација.

Селекторот Драган Бајиќ одлучи со сениорите подготовките да ги продолжат: Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојаковски и Теодор Симиќ.

Првиот тренинг на А-репрезентацијата е закажан за денес (10 часот) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 11:17