Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо е најзаслужниот за победата на неговиот тим извојувана ноќеска на домашен терен против Феникс санс со 120:100.

Гркот натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект (41 поен и 13 скока).

– Знаевме дека мора да излеземе, да покажеме добра кошарка и да се бориме со сите сили.

Се подобривме откако го загубивме првиот натпревар. Сега се подобривме во споредба со вториот натпревар, изјави Адетокунбо.

Во серијата прв до четири победи Феникс води со 2:1.

Големото финале од НБА-лигата продолжува на 15 јули со четвртиот меч кој ќе се игра на теренот на Милвоки.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 11:38