Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар ќе биде посилен во новата сезона со американски плејмејкер Маиш Дејли.

Дваесет и тригодишниот Дејли, висок 201 сантиметри, доаѓа во редовите на Гостивар од американската универзитетска НЦАА лига, во која минатата сезона настапуваше за Акрон Колеџ.

Дејли официјално е десетиот играч во ростерот на прволигашот од Гостивар за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 23:07