Кошаркарската репрезентација на САД ноќеска во Лас Вегас претрпе неочекуван пораз од Австралија (83:91) на пријателски натпревар како подготовка за Олимписките игри во Токио.

Ова беше четвртиот пораз за Американците во пријателски натпревари, откако во националниот тим беа вклучени играчи од професионалната НБА-лига. Билансот од 1992 до денес на САД во пријателските натпревари е 54 победи и четири порази.

Во саботата, ѕвездите од НБА загубија од Нигерија со 90:87.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 11:33