Крилниот центар на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Крстевски очекува тешки натпревари на претстојните претквалификации за Светското првенство.

– Лесно сигурно нема да биде, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации. Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите, изјави Крстевски.

Противниците на „црвено-жолтите“ на турнирот во Скопје, планиран да се одржи во периодот од 12 до 18 август ќе бидат репрезентациите на Швајцарија и на Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 16:00