Селекторот на македонската женска младинска селекција, Саша Димитријевиќ очекува подобро издание на неговите избранички кои загубија од Луксембург во првото коло на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.
– Секој натпревар од овој турнир го гледаме како можност за ново искуство и напредок. Ќе се обидеме да имаме повеќе добри минути, а помалку технички грешки. Разочарување како и секогаш, кога ќе се загуби еден меч, особено во европски рамки постои. Продолжуваме понатаму, јас овој турнир го гледам како подготовка за следното ЕП, пробуваме да коригираме некој работи, да смениме некои стари навики, и некој нивни стари размислувања. Колку ќе успееме во тоа ќе покаже времето, смета Димитријевиќ.
Следен противник на младите македонски кошаркарки е селекцијата на Романија, вечер со почеток во 21 часот.