Македонската кошаркарска репрезентација денеска го почнува базичниот дел од подготовките кои ќе ги одработи во туристичкиот центар Маврово.

Таму, нашиот сениорски национален тим ќе остане на повисока надморска висина до 21 јули кога ќе се врати во Скопје и ќе почнат активностите околу подготвителните натпревари.

Покрај стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, неговите асистенти, Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ, кондицискиот тренер Александар Кукриќ, во автобусот за Маврово се најдоа и: Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојаковски, Теодор Симиќ.

Од 12 до 18 август, македонската селекција ќе ги игра натпреварите во претквалификациската група во која за противници ги има Словачка и Швајцарија. Првопласираните две селекции на турнирот во Скопје, ќе се пласираат во главните квалификации за пласман на Светското првенство во 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 15:51