Натпреварот помеѓу репрезентациите на САД и Австралија е откажан поради протокол за здравје и безбедност, објави „АП“. Причината е позитивен тест на коронавирус на Американецот Бредли Бил, кој е изолиран во карантин.

Дваесет и осумгодишниот Бил ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио.

Машкиот турнир во кошарка на Олимпијадата ќе почне на 24 јули.

За потсетување, минатата недела тројца играчи на втората репрезентација на САД беа ставени во карантин. На еден од нив му беше дијагностициран коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 14:03