Германската кошаркарска федерација официјално објави дека Денис Шрудер нема да игра за репрезентацијата на Германија на Олимписките игри во Токио.
Според објавата на веб-страницата на федерацијата, високата сума за осигурувањето е главната причина за членот на Лос Анџелес лејкерс да не се приклучи на националниот тим.
Германија обезбеди учество на Игрите, станувајќи победник на квалификацискиот турнир во Сплит.
Шрудер имаше намера да се приклучи на репрезентацијата, но беше принуден да се повлече од учеството поради проблеми со осигурувањето. Германија беше подготвена да одвои 10 милиони евра пред турнирот во Сплит, но тоа не беше доволно.