Селекторот на американската олимписка кошаркарска репрезентација Грег Попович остана без уште еден играч, откако настапот на турнирот во Токио поради повреда го откажа и крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав.

– Страшно сум разочаран поради тоа што нема да патувам со репрезентацијата во Токио, но морате да бодете 100 отсто подготвени за да играте на Олимписки игри, а јас тоа во моментов не сум, изјави Лав.

Американскиот селектор пред неколку денови, поради ковид протоколот, остана и без услугите на еден од најдобрите стрелци во НБА лигата, Бредли Бил од екипата на Вашингтон, а неизвесен е и настапот на Џерами Грант од Детроит.

На местата на Лав и Бил во американскиот „Дрим тим“ се приклучија Џавал Мекги (33) од Денвер и 21-годишнит кошаркар на Сан Антонио, Келдон Џонсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 17:03