Македонската женска кошаркарска репрезентација под 20 години денеска против Косово ќе се обиде со победа да го заврши настапот на ФИБА „Челенџер“ купот во Скопје, откако „црвено – жолтите“ синоќа го забележаа и третиот пораз со високи 75:44 од Словачка.

Македонските кошаркарки одржуваа резултатска неизвесност во натпреварот во првите две четвртини и на полувреме имаа негатива од минус четири поени (31:35).

Словачка, која има максимален ефект на турнирот во Скопје, го скрши отпорот на македонската репрезентација во третата четвртина во која дојде до недостижна предност од плус 20 поени (58:38).

Македонските кошаркари на вечерашниот дуел против Косово со почеток од 21 часот ќе бидат без крилниот центар Матеја Николиќ, која нема да настапи поради повреда на листот на ногата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 14:36