Македонската кошаркарска репрезентација до 20 година вчеравечер загуби од Унгарија со 99:44 во полуфиналето на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон.

Димитровски со 18 беше единствениот во македонскиот состав кој го надмина двоцифрениот број на поени.

Домаќинот на турнирот беше подобар противник во текот на целиот натпревар.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ, денес од 16:30 часот ќе играат во „малото финале каде за противник, по втор пат на турнирот, ќе ја имаат селекцијата на Швајцарија.

Три часа подоцна (19:30 часот) во финалето ќе се сретнат Унгарија и Белорусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2021 13:55