Репрезентација на САД загуби од Франција (76:83) во првото коло од групата А на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија.

За американските кошаркари ова е првиот олимписки пораз од 2004 година. Пред 17 години на Олимпијадата во Атина (Грција), САД загубија во полуфиналето на турнирот од Аргентина (81:89).

На другите денешни средби на олимпискиот турнир во кошарка постигнати се овие резултати:

Иран – Чешка 78:84 Германија – Италија 82:92 Австралија – Нигерија 84:67.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2021 02:30