Еден од двата ривала на македонските кошаркарки во Мундијалските претквалификации, репрезентацијата на Швајцарија, загуби на гости од Летонија со 85:66.

Клучна за поразот на Швајцарците во првиот тест дуел, беше лошата игра во последната четвртина која ја загубија со 23:9.

Роберто Ковач со 15 поени бил прв стрелец во селекцијата на Швајцарија а двоцифрен број на поени постигнале уште Рочак (12), и Казади (10).

Претквалификациите во Скопје ќе се одржат од 12 до 18 август, а во нив покрај македонската и швајцарската, ќе учествува и селекцијата на Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2021 15:03