Поранешниот претседател на САД, Барак Обама стана стратешки партнер на новата НБА дивизија во Африка, се наведува на официјалната веб-страница на лигата.

Според договорот, Обама ќе поседува малцински удел во НБА Африка. „Претседателот ќе и п

омогне на лигата да ги спроведе програмите и партнерствата што поддржуваат родова еднаквост и економска вклученост“, се вели во соопштението.

– Во Африка, кошарката може да придонесе за зајакнување, права, благосостојба и еднаквост низ целиот континент. Како претседател и основач на фондацијата, си поставив задача да привлечам млади луѓе од Африка. Тоа е затоа што Африка има највисок процент на млади во светот. И оваа нова генерација е подготвена за позитивна трансформација, порача Обама.

Во мај оваа година, НБА формално ја формираше НБА Африка дивизија за да управува со своите континентални бизниси, вклучително и Африканската кошаркарска лига (БАЛ). Истиот месец, лигата ја имаше својата прва сезона, чиј победник беше египетскиот клуб Замалек.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2021 11:36