Соединетите Американски Држави во женска и Летонија во машка конкуренција ги освоија златните медали во баскет 3×3 турнирот, една од неколкуте нови олимписки дисциплини на Игрите во Токио.

Американките во финалето ја совладаа Русија со 18:15, додека во натпреварот за бронзениот медал, Кина беше поуспешна од Франција со 16:14.

Русија остана без златен медал и во машкото баскет финале, откако загуби од Летонија со 21:18, додека бронзениот медал го освои Србија со триумфот од 21:10 над Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2021 21:17