Ол-стар кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук наскоро ќе им се придружи на Лос Анџелес лејкерс како дел од размената на играчи на двата клуба.

Според инсајдерот на „CBS Sports“, Бил Ројтерс, имало значително несогласување меѓу директорите на Лејкерс околу тоа дали клубот треба да го донесе Вестбрук. На крајот, сепак било одлучено за негов „трејд“ во ЛА.

Во сезоната 2020/21 во НБА, Вестбрук имаше просек од 22,2 поени, 11,5 скокови и 11,7 асистенции со 4,8 загубени топки по натпревар, шутирајќи 43,9% од поле, 31,5% од тројки и 65,6% од слободен удар.

Договорот на Вестбрук со Лејкерс е со важност до 2023 година, според којшто ќе заработи околу 44 милиони долари за следниот шампионат.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 12:27