Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада денеска Албанија со 61:49 и ја забележа премиерната победа на ФИБА „Челенџер“ купот во Софија.
По воведните три порази од Украина, Словенија и Украина, „црвено-жолтите“ влегоа во денешниот натпревар со голема желба за успех и како награда за тоа дојде и првиот триумф на „Челенџерот“ во бугарската престолнина.
Македонските кошаркарки од самиот почеток ја имаа контролата над играта и над резултатот и на полувреме заминаа со двоцифрена предност од 32:22.
Противникот беше одлучен во третиот период, кој избраничките на селекторот Јелена Антиќ го решија во своја корист со 21:6 за убедливи и недостижни 53:28 пред завршната четвртина.
Македонските кошаркарки имаат ефект од една победа и три порази, а настапот на ФИБА „Челенџер“ купот ќе го заокружат утре со натпреварот против Швајцарија со почеток од 13 часот.