Освојувачот на двојната круна минатата сезона во македонското кошаркарско првенство, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, донесе три странски засилувања за новата сезона.
Нови кошаркари на македонскиот шампион, како што е соопштено попладнево, се Американците Дастин Ваер (31 и Хуан Дејвис (24), како и хрватски интернационалец, Роберт Рикиќ (31).
Паралелно со ова, раководството на МЗТ Скопје Аеродром го обнови и договорот со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов (24).
– Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски, а договорни обврски со нашиот клуб имаат уште и Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Со ова, најверојатно, засега ќе го заокружиме ростерот со напомена дека останатите четири места во тимот ќе бидат пополнети со играчи од нашата младинска школа“, соопшти МЗТ Скопје Аеродром.