Македонската машка кошаркарска репрезентација загуби од Црна Гора вечерва во Скопје со 81:59 и со пораз ги почна подготовките за претстојните претквалификации за пласман на Светското првенство.

Дебитантскиот натпревар на клупата за новиот македонски селектор Драган Бајиќ се одигра зад затворени врати во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а двете репрезентации повторно ќе се сретнат на истото место в среда.

Со двата пријателски натпревари против Црна Гора, избраниците на македонскиот селектор Бајиќ ги стартуваат подготовките за мундијалскиот претквалификациски турнир, на кој од 12 до 18 август во Скопје противници ќе им бидат репрезентациите на Швајцарија и Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2021 22:48