Франција ја совлада попладнево Шпанија со 67:64 и обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во женска конкуренција.

Во победничкиот тим најдобар ефект имаа Марин Жоанес со 18 и Габи Вилијамс со 11 поени.

Противник на Франција во полуфиналето в петок ќе биде домаќинот Јапонија, додека истиот ден во првото полуфинале на програмата ќе играат репрезентациите на САД и на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2021 19:49