Грчкиот кошаркар и член на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, го однесе трофејот од НБА лигата на атинскиот Акропол.

Јанис позираше на познатата тврдина со купот Лари О’Брајан и трофејот Бил Расел којшто му беше доделен за МВП во НБА финалето.

Заедно со Јанис, на Акропол беа и неговите браќа Танасис и Костас (шампион Лејкерс 2020 година), како и мајката на кошаркарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2021 16:34