Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ по денешниот тесен пораз со 89:90 од Франција во олимпиското полуфинале во Токио се соочи со прашањето зошто не ја презеде одговорноста во последниот напад од натпреварот, туку одлучи да му ја додаде топката на соиграчот Клемен Препелиќ, кој беше блокиран од Николас Батум.

– Шутот денеска поаѓаше од рака и затоа ги барав соиграчите. Препелиќ имаше отворен пат кон обрачот, така што мислам дека проигрувањето беше добра одлука, но Батум одлично блокираше. Не можете секогаш да донесете најдобра одлука, но јас им верувам на соиграчите подеднакво како што тие ми веруваат мене. Повторувам, проигрувањето беше добра одлука, изјави Дончиќ.

За него ова беше прв пораз во репрезентативниот дрес по серија од 17 победи, но Словенија се уште има шанси да освои медал во својот дебитантски настап на олимписките игри доколку в сабота ја совлада Австралија во натпреварот за бронзениот медал.

Франција во финалето за противник ќе го има американскиот „Дрим тим“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2021 01:27