Женската кошаркарска репрезентација на САД се пласираше претпладнево во финалето на олимпискиот турнир во Токио со убедлива победа над Србија од 79-59 (25-12, 16-11, 17-16, 21-20).
Полуфиналето беше одлучено веќе по првото полувреме кое Американките го решија во своја корист со 41-23, за на почетокот на третата четвртина да ја зголемат предноста на уште поубедливи 51-26, со што во продолжението беше само прашање со колкава разлика ќе заврши натпреварот.
Бритни Гринер со 15 поени и 12 скокови беше најистакната во американскиот состав.
Американските кошаркарки, в недела со почеток од 4:30 часот, ќе се обидат да го освојат своето десетто последователно олимписко злато, а противник во финалето ќе им биде победникот од второто денешно полуфинале меѓу домаќинот Јапонија и Франција.