Македонскиот кошаркаршки прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс.
Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим.
Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану и Макаби.
Куманово новата сезона ќе ја почне со големи амбиции и во домашното првенство и во регионалната Балканска лига (БИБЛ).