Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ договори нова соработка со Далас маверикс. Според „ESPN“ 22-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор вреден 207 милиони долари.

Оваа сума е најголема досега за обновување на договор за новодојденец. Дончиќ доби право на таков договор, бидејќи двапати влезе во првиот идеален НБА тим во неговите три сезони во најсилната кошаркарска лига.

Официјалното објавување на продолжувањето на договорот се очекува да се случи во текот на денот.

Минатата сезона во НБА лигата, Дончиќ настапи на 66 натпревари, со просек од 27,7 поени, 8 скока и 8,6 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 11:23