Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ е презадоволен од работата на играчите на кои ќе смета во претквалификациите за Мундијалот.
– Имаме добра атмосфера, добра работа и морам да кажам дека верувам во овие момци и покрај тоа што можеби немаме квалитет. Знам дека тие по секој натпревар со крвави колена ќе го напуштат теренот. Полн сум со самодоверба и поради овие кошаркари, без разлика на респектот кон Швајцарија и Словачка, сигурен сум дека ќе оствариме добар резултат. Ќе се обидеме во следните денови, во последните тренинзи да ги отстраниме сите недостатоци, а потоа да ја завршиме работата и да ги поминеме квалификациите, изјави Бајиќ во пресрет на почетокот на „балонот“ во Скопје.
Македонските кошаркари од 12 до 18 август ќе одиграат по два натпревара со Словачка и со Швајцарија во обид да обезбедат место во главните квалификации за Мундобаскет 2023.