Плејмејкерот Расел Вестбрук, за време на прес -конференцијата за неговиот трансфер во Лос Анџелес лејкерс, рече дека неговата задача во новиот тим ќе биде да ги направи соиграчите подобри.

– Ова ќе биде моја 14. сезона во НБА-лигата. Секоја година се обидувам да најдам начин да се трансформирам и да ги направам моите соиграчи подобри. Ентони Дејвис и Леброн Џејмс се мои пријатели. И јас, како нивни соиграч, морам да ја трансформирам нивната игра. Ќе го сторат тие истото за мене, рече Вестбрук.

Триесет и двегодишниот Вестбрук е најдобриот играч во историјата на НБА по бројот на трипл-дабл во кариерата (184) и МВП на сезоната 2016/17. Тој одигра 65 натпревари минатата сезона и имаше просек од 22,2 поени, 11,7 асистенции и 11,5 скокови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 13:06