Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Словачка со 88:72 во последното коло од претквалификациите за Светското првенство 2023 одиграни во СЦ „Јане Сандански“.

Благодарение на подобрата кош-разлика од своите ривали, избраниците на селекторот Драган Бајиќ „балонот“ во Скопје го завршија на првото место со биланс две победи и два пораза.

Словачка со оваа убедлива победа го освои второто место и исто така обезбеди учество во квалификациите, додека Швајцарија не помина во следната фаза, бидејќи заврши на последното (трето) место.

Пласман во квалификациите од другите групи обезбедија: Португалија, Шведска, Летонија, Белорусија, Црна Гора и Исланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 00:06