Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, кој беше опериран на левиот зглоб на раката на крајот на сезоната 20/21, зборуваше за неговото закрепнување, а исто така најави дека има намера да се врати во финалето на НБА во претстојниот шампионат.

– По операцијата на зглобот, секој ден се подложувам на рехабилитација, со почеток во 6 часот наутро. Ова е моја четврта операција на раката. Така, сигурно знам за една работа – за психолошкиот аспект на рехабилитацијата. Постепено, се враќам во нормала. Нема да се повлечам од кошарката во скоро време. Сега кога го вкусив финалето на НБА, станав зависник од ова чувство и навистина сакам да стигнам повторно таму, изјави Пол.

За потсетување, Пол се здоби со повреда на раката во финалето на Западот против Лос Анџелес клиперс. Повредата влијаеше на нивото на игра на ветеранот во финалето, во кое Феникс загуби со 2:4 од Милвоки.

Статистика на Пол за плејофот во 2021 година – 20 натпревари, 19,2 поени и 8,6 асистенции со 2,2 загубени топки за 34,2 минути на паркетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 16:52