Како дел од подготовките за новата 2021/22 сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Пелистер договори два престижни интернационални натпревари против грчки екипи во Солун.

Како што денеска соопшти битолскиот прволигаш, противници на Пелистер ќе бидат Арис и ПАОК, поранешни прваци на Грција и освојувачи на евро-куповите.

Натпреварот против Арис е на програмата на 8 септември со почеток од 18 часот, а два дена подоцна е контролниот дуел против ПАОК со почеток од 14:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2021 14:15