Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид изјави дека тимот може да смета на шампионската титула доколку игра сигурно во одбраната.

– Не го омаловажувам факторот Дончиќ, нема да му ја одземеме топката од раце. Тој е многу добар. Додадовме елементи во тимот што одговараат на неговата игра, а исто така се вклопуваат заедно. Но, клучниот фактор за Далас е одбраната. Треба да посветиме повеќе внимание на деталите. Да разбереме дека сите имаме една цел – а тоа е титулата шампиони. И за ова треба да го запреме противникот во одбраната. Последен пат кога го освоивме шампионат овде, ги запревме противниците, рече Кид.

Минатата сезона, Далас не успеа да се пласира во конференциското полуфинале, откако беше елиминиран од Лос Анџелес клиперс во серијата која траеше максимални седум натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 22:22