Кошаркарите на Голден Стејт, Њујорк и Бруклин ќе мораат да се вакцинираат против коронавирус за да можат да настапуваат на натпреварите на домашен терен во новата сезона, објави денеска раководството на НБА лигата.

Според новите одредби, кои се на сила во Сан Франциско и Њујорк, сите лица повозрасни од 12 години мораат да бидат вакцинирани за влез во одредени објекти и присуство на настани од јавен карактер.

На листата на објекти на кои се однесува одредбата се „Чејс центар“ во Сан Франциско, „Медисон Сквер Гарден“ и „Баркли центар“ во Њујорк.

Американските медиуми објавија дека секој кошаркар, кој нема да биде на располагање за натпреварите поради тоа што не е вакциниран, ќе биде парично казнет, а му се заканува и дополнителна глоба или суспензија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2021 13:52