Аргентинската кошаркарска федерација на официјалната веб-страница објави дека одлучила да не го продолжи договорот со селекторот на репрезентацијата Серхио Ернандез.

Ернандез ја предводеше репрезентацијата на Аргентина од 2015 година.

Во 2019 година, тимот заврши втор на Светското првенство. На Олимпијадата во Токио годинава, Аргентинците загубија убедливо од Австралија во четвртфиналето.

Кошаркарскиот стручњак претходно ја водеше Аргентина од 2005 до 2010 година. Тој е рекордер по број на официјални натпревари со националниот тим – вкупно 116.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2021 23:53