Бруклин официјално објави потпишување договор со крилниот центар Пол Милсап. Деталите за договорот на 36-годишниот играч висок 201 см. не се објавени.

Претходно, имаше информации дека Милсап очекува да добие најмалку 5,9 милиони американски долари.

Минатата сезона, четирикратниот Ол-стар учесник одигра 56 натпревари за Денвер. Милсап имаше просек од 9 поени, 4,7 скокови и 1,8 асистенции за 20,8 минути, со шут од поле 47,6% и 34,3% за три поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2021 02:39