Распоредот за новата сезона во македонското кошаркарско првенство и календарот за одигрување на натпреварите ќе биде утврден в четврток со жрепка.

Како што е соопштено попладнево, извлекување на натпреварувачките броеви на екипите учеснички во новата кошаркарска сезона во домашното првенство и прецизирањето на натпреварувачкиот календар ќе биде извршено во седиштето на Кошаркарската федерација во Скопје со почеток во 11 часот.

Во сезоната 2021/22 во Првата македонска кошаркарска лига ќе настапат 12 екипи – КК Пелистер, КК МЗТ Скопје Аеродром, КК Еуро Никел, КК Куманово, КК ТФТ Скопје, КК Гостивар, КК Работнички, КК Кожув, КК МЗТ Скопје Уни Банка, КК Навико Академија ФМП, КК Ангели и КК Феникс.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 23:36