Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со заложбите да им даде шанса на талентираните кошаркари, кои треба да бидат светла иднина на актуелниот македонски шампион, откако денеска го официјализираше договорот за стипендирање со 15-годишниот Бојан Величковски.

Талентираниот Величковски, кој потпиша тригодишен стипендиски договор, летово веќе дебитираше за сениорскиот тим на МЗТ Скопје на пријателскиот турнир во Лесковац.

– Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу ако продолжи да работи напорно и посветено како досега, соопшти актуелниот првак.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 23:23