Грчкиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис (51) се очекува наскоро да седне на селекторското столче на местото на познатиот американски стратег Рик Питино, јавија денеска локалните медиуми.

Итудис од 2014 година е тренер на московска ЦСКА со која освои две титули во Евролигата (2016, 2019). Претходно долги години беше помошник на српскиот стратег Жељко Обрадовиќ во атински Панатинаикос.

Во кариерата Итудис ги предводеше и солунски ПАОК и турски Банвит.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 00:29