Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по четврти пат го освои Суперкупот кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“, откако вечерва во СРЦ „Кале“ го совлада Работнички со 79:78.

Двете екипи имаа свои минути, а на крајот одлучи искуството на аеродромци кои во „Јане Сандански“ по четврти пат го носат трофејот од Суперкупот.

Воедно, „сино-белите“ ги обединија титулите од шампионатот и од Купот на Македонија и повторно ја најавија својата кандидатура за највисок пласман во новото првенство.

Адем Мекиќ со 27 и капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени беа најзаслужните кошаркари во победничкиот состав.

Во тимот на Работнички се истакнаа Недим Мустафица со 24 и Емерсон со 23 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2021 03:22