Македонската клупска кошарка ќе нема претставник сезонава во ФИБА Еврокупот, откако по елиминацијата на ТФТ Скопје пораз во четвртфиналето вечерва претрпе и Куманово со убедливи 83-60 (39-24) од австриски Гмунден

Кошаркарите на Куманово катастрофално го отворија своето европско деби на квалификацискиот турнир во Гронинген и веќе по првата четвртина беа во негатива од 13 поени, а на полувреме австрискиот шампион замина со предност од 39-24.

Разликата во квалитет беше очигледна и на крајот резултираше со убедлив пораз од 23 поени разлика на македонскиот тим, во кој најефикасен беше Џонатан Холмс со 16 кошеви.

Претходно денеска, и вториот македонски претставник во квалификациите за пласман во групната фаза на ФИБА Еврокупот, ТФТ Скопје, доживеа елиминација во четвртфиналето по поразот од унгарски Седек со 92-76 на турнирот во Краснодар.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 00:26