Кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант се надева дека Кајри Ирвинг ќе се врати на тренинзите и ќе игра во претсезоната.

Ирвинг се противи на вакцинирањето против коронавирус.

– Се надевам дека Ирвинг ќе биде дел од Бруклин. Можеби сум наивен, но мислам дека е така. Сите сме сигурни во себе и во тимот, па ако продолжиме во ист дух, ќе можеме да направиме посебни работи, изјави Дурант за „Њујорк пост“.

Мината сезона Ирвинг настапи на 54 натпревари во НБА, со просек од 26,9 поени, 6,0 асистенции и 4,8 скока.

За потсетување, на играчите на Нетс можеби нема да им биде дозволен влез во арената за тренинзи и натпревари поради протоколите во Њујорк за превенција од Ковид во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2021 13:03