Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг ќе може да се приклучи на тимот во тренинг базата на клубот. Според „The ​​Athletic“, властите во Њујорк го признале спортскиот комплекс Нетс како приватна деловна зграда.

Сепак, 29-годишниот кошаркар нема да може да учествува на натпреварите, бидејќи не е вакциниран против „Ковид-19“.

Ирвинг минатата сезона настапи на 54 натпревари во НБА лигата, со просек од 26,9 поени, 6,0 асистенции и 4,8 скокови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2021 17:15