Кошаркарите на Пелистер со пораз дебитираа во регионалната Јадранска АБА 2 лига, откако попладнево загубија од црногорски Ловќен со 108:85 (52:42) на воведниот турнир во Златибор.

Најефикасен во редовите на македонската екипа беше српскиот интернационалец Никола Малешевиќ со 21 поени.

Со натпреварот меѓу Пелистер и Ловќен се комплетираше првото коло во АБА 2 лигата, во кое претходно вчера вториот македонски претставник МЗТ Скопје Аеродром го совлада Младост Земун со 97:90.

Во второто коло, Пелистер за противник ќе го има вториот црногорски претставник Сутјеска, в петок со почеток од 18 часот, а ден претходно МЗТ Скопје ќе игра против Рогашка од Словенија (21 часот)



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2021 23:34