Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден не се согласи на продолжување на договорот со клубот пред истекот на рокот, но јасно стави до знаење дека клубот нема за што да се грижи.

– Се фокусирав да закрепнам од повредите, да го доведам во ред телото и да се подготвам за одлична сезона. Договорот и парите ќе дојдат сами по себе. Не планирам да го напуштам овој клуб. Затоа, се фокусирам само на сезоната и на освојувањето на шампионската титула. Ситуацијата со договорот сама ќе се реши, а моите мисли се само на натпреварите, изјави Харден.

На воведниот натпревар против Милвоки (104:127), ноќеска Харден постигна 20 поени, забележа осум скока и исто толку асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2021 13:47