Кошаркарот на Бостон селтик, Џејлен Браун постигна 46 поени во почетниот натпревар на регуларниот дел од НБА сезоната против Њујорк. Браун го обнови својот личен рекорд во ефикасност, како и рекордот на клубот за постигнати поени во воведниот натпревар во сезоната.

Претходното достигнување беше воспоставено од Боб Кузи со 35 поени во 1956 година, подоцна повторено од Пол Пирс во 2004.

Браун реализираше 16 од 30 удари од поле за 46 минути, вклучувајќи 8 од 14 за три поени. Забележа и девет скока, шест асистенции и три украдени топки.

Сепак, на крајот победата им припадна на кошаркарите на Њујорк со 138:134 по две продолженија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2021 12:37