Кошаркарите на Мемфис го надиграа Денвер синоќа на домашен терен (108-106) во натпревар во кој Србинот Никола Јокиќ уфрли 34 поени за гостинскиот тим, но го промаши последниот обид да му донесе продолжение на својот тим.

Српскиот центар го одигра најефикасниот натпревар во оваа сезона, додавајќи 11 скокови, пет асистенции и две украдени топки, но на крајот не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.

Најефикасен во редовите на Мемфис беше Џексон со 22 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу средата и четврток:

Минесота – Лос Анџелес клиперс 115-126

Кливленд – Портланд 107-104

Индијана- Њујорк 111-98

Орландо – Бостон 79-92

Филаделфија – Чикаго 103-98

Вашингтон – Торонто 100-109

Бруклин – Атланта 11-108

Мемфис – Денвер 108-106

Сан Антонио – Далас 108-109

Голден Стејт – Шарлот 114-92

Сакраменто – Њу Орлеанс 112-99.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2021 11:11