Кошаркарската НБА лига поведе истрага против сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер, кој е обвинет за расистичко и мизогино однесување, како и за креирање „токсично работно опкружување“.

Истрагата почна по објавен текст на ЕСПН во кој детално се наведуваат неколку случаи во кој Сарвер, кој е белец, наводно користел расно навредлив јазик во разговорите со играчи, тренери и клупскиот персонал со црна боја на кожата. Исто така, се наведуваат и примери за сексистичко и недостојно однесување.

– Наводите во текстот на ЕСПН се исклучително сериозни и ние ангажиравме адвокатски тим да спроведе истрага, соопшти НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2021 12:04