Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, ја презеде одговорноста што не вложи повеќе труд за избегнување на поразот на неговиот тим од Портланд.
Вестбрук мечот го заврши со шут од поле еден од 13 и шест загубени топки.
– Што се однесува до мене, претпоставувам дека само треба да се трудам повеќе. Зборувам исклучиво за себе. Мора да се трудиме да бидеме свои и да не се ограничуваме, бидејќи во спротивно не успева. Треба да играм со мое темпо. Се обидувам да сфатам како треба да играм. Ова го правам последните 4-5 години. Дојдов во нов тим и се обидувам да извлечам максимум од ситуацијата, како играч што сум.
Сакам да го направам мојот тим подобар, без разлика што бара тренерот, но во исто време морам да останам свој на теренот, односно да дадам максимум. Јас не го направив тоа денес, призна Вестбрук по поразот од Портланд.
Лос Анџелес лејкерс по десет натпревари сезонава во НБА-лигата, имаат половичен биланс, пет победи и пет порази.