Евролигашот Басконија го разреши Душко Ивановиќ од функцијата главен тренер, објави на својот сајт шпанскиот кошаркарски клуб.
Баскијците лошо ја започнаа сезоната, со само три победи од девет натпревари во Евролигата и биланс 4-6 (победи-порази) во шпанското првенство.
На негово место клубот сака да го види Невен Спахија.
Хрватскиот тренер ја освои АЦБ лигата со Басконија во 2008 година, а сега го предводи кинескиот тим Шангај шаркс.